Поранешниот ракометар на „Вардар“ Игор Карачиќ вчера наполни 32 години, а неговата свршеница Душица Андоновска му направи домашна роденденска журка. Торта, балони, честитки, полско пиво и свеќи за романтична атмосфера во нивниот дом во Полска, каде што живеат откако Игор игра за „Келце“. Сликите од роденденот Душица потоа ги објави на „Инстаграм“.
„Роден за мене пред 32 години“, напиша таа.
Хрватскиот репрезентативец и манекенката, која е од Струмица, се свршија во март. Тогаш Игор со рози направи срце и ја побара за сопруга со дијамантски прстен. Душица секогаш била поддршка не наговите натпревари и го бодрела од трибините.