Босанскиот актер Драган Јовичиќ почина од коронавирус
06/11/2020
Познатиот босански актер Драган Јовичиќ (67) почина во болница во Сараево, каде што се лечеше од здравствени компликации предизвикани од коронавирусот, пренесуваат босанските медиуми.
Веста ја потврди и раководството на Камерниот театар 55, чиј директор беше тој од 2011-2015 година.
Драган Јовичиќ е роден во Рогатица на 22 ноември 1953 година и беше босански филмски и театарски актер. Студиите за глума ги завршил во 1976 година на Катедрата за сценски уметности на Филозофскиот факултет во Сараево.
Добитник е на бројни актерски признанија и награди, вклучувајќи ја и „Наградата на шести април“ на градот Сараево за придонес во уметноста на театарот.