Некогашниот македонски пејач Зоран Ванев кој веќе неколку години се занимава со медицина, вчера со неговиот син Ник го следеше ракометниот натпревар меѓу Швајцарија и Македонија, кој црвено-жолтите го добија со 25:23.
Ванев долго време живее и работи во Швајцарија и е голем љубител на ракометот. Тој се пофали и дека неговиот син е успешен ракометар во клубот Аmicita од Цирих.
Ник долго време тренира ракомет и е најдобар стрелец во клубот во којшто игра.
За потсетување, Зоран замина одамна во Швајцарија, а кај нас беше познат фолк-пејач. Тој во Швајцарија живее со неговата сопруга Лидија со која е во брак повеќе од 20 години.