Ќерката на Горан Пандев наполни 9 години. Тој сподели фотографија од нив двајца, но и една со роденденската торта.
Напиша на „Инстаграм“ дека неговата принцеза денес има роденден. Многумина коментираат дека вчерашниот гол на Пандев бил и најубавиот подарок за Ана.
Горан Пандев е во брак со Надица и имаат три деца, синот Филипо и ќерките Ана и Софија. Тој вчера го даде најважниот гол за историскиот пласман на Македонија на ЕП.