Моделот и фитнес инструктор Кристина Димитријевска, повторно ги разбуди машките фантазии. Таа на „Инстаграм“ објави неколку слики од снимањето на новиот спот на Арт Рушити, а облечена е само во боди со секси црвени чизми до колкови. „Најсекси Барбика“, ѝ коментираа фановите.
Кристина често го привлекува вниманието на јавноста. Таа неодамна доби понуда да се појави во реалното шоу „Парови“, но, за сега не потврдила дали ќе ја прифати.