(Фото) Огромен мурал од Никол Кидман се појави во Сиднеј

Огромен портрет од австралиската глумица Никол Кидман, насликан од страна на тим уметници, се појави на една од зградите во Сиднеј во Австралија.

Група уметници насликаа мурал, кој го посветија на ликот на Кидман во новата серија на „Ејч-би-о“, The Undoing, која стана популарна во светот.

Австралискиот стриминг-центар Binge, кој ќе ја емитува оваа серија, направи џиновски портрет во нејзина чест, а кој Никол отиде да го види лично.

„Фала ти, Сиднеј, на прославата The Undoin. Вечерва се емитува“, напиша Никол под својата објава на „Инстаграм“ под која фановите ѝ коментираа дека изгледа чудно.

Тие ѝ порачаа дека претерала со фотошоп и дека премногу ги заматила прстите, а други ѝ посочија дека тоа го направила затоа што не била дотерана.

Меѓу коментарите била и пејачката Мараја Кери, која ѝ порачала дека ја гледала целата серија и дека ѝ недостига само уште една епизода.

 

Scroll to Top