Тимот на Трамп не ги споделува податоците за пандемијата со тимот на Бајден

Лекраскиот стим на Доналд Трамп, ги крие податоците за пандемијата со коронавирусот и не сака да ги сподели со колегите од тимот на неговиот противник на изборите, Џо Бајден.

Американските лекари и специјалисти апелираат дека тоа мора веднаш да прекине и дека податоците мора да бидат споделени, а двата тима заеднички да соработуваат.

Членови на неколку лекарски здруженија, апелираа до администрацијата на Трамп, да ги сподели клучните податоци за ковид 19, со прелазниот тим на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

На овој начин ќе се избегне непотребното одложување во решавањето на проблемите со пандемијата, додека во меѓувреме расте бројот на заразени и хоспитализирани пациенти.

Членовите на неколку лекарски здруженија испратиле писмо, во кое предупредуваат дека во текот на зимата би можело да дојде до нов бран на смртни случаи, како последица на ковид 19, како и дека ширењето на заразата и бројот на хоспитализирани пациенти би можел да го достигне највисокото ниво досега.

Во писмото тие навеле дека споделувањето на информациите во врска со пандемијата, е од клучно значење за спасување на огромен број на животи, пренесува „Ројтерс“.

Писмото е испратено еден ден откако Бајден предупреди дека многу луѓе би можеле да починат, доколку претседателот во заминување Доналд Трамп, продолжи да ја блокира смената на власта.

Во САД, во неделата, бројот на заразени ја надмина бројката од 11 милиони, само осум дена откако биле потврдени повеќе од десет милиони случаи од почетокот на пандемијата.

Локалните власти во неколку држави и градови, воведоа нови ограничувања на собирања во затворен простор, во обид да го сузбијат ширењето на заразата.

Курир.рс

Scroll to Top