Револуцијата во Белорусија би можела да донесе само хаос и анархија, изјавил шефот на дипломатијата во земјата, Владимир Макеј.
„Тој хаос и анархија само ќе ја уништат државата и општеството. Ние ќе мораме тогаш сите работи да ги почнуваме да ги градима од нула“, изјавил Макеј во интервју за „Белорусија 1“.
Тој додал дека не може да се каже дека во земјата сè е идеално и прекрасно. Според него, тој се смета дека се потребни промени, но не преку револуција, улични притисоци, уцени и закани.
„Мое длабоко убедување е дека револуцијата секогаш носи смрт, крв и солзи. Ние тоа сега го гледаме. На што повикуваат револуционерите? Ајде да ги убиеме оние, ајде да ги жигосаме, да ги посрамотиме, и така натау. Добро. Ги жигосаа сите. А мислите ли вие на државата која мора да ја издржи оваа турбулентна ситуација? Мислите ли вие на народот или сметате дека револуцијата носи само добро?“, изјавил белорускиот дипломат.
За потсетување, протестите на опозицијата во Белорусија, почнаа веднаш по претседателските избори кои се одржаа на 9. август. За претседателот повторно избран е Александар Лукашенко, но опозицијата не ги призна тие резултати, сметајќи дека вистинскиот победник е Светлана Тихоновска.