Германскиот научник Михаел Пионтек, не беше најбрз во пронаоѓањето на вакцината против корона, но верува дека ќе може да му овозможи на светот лесно достапна вакцина, пренесува српски Курир.
Досегашните фаворити нудат скапи вакцини, чиј транспорт е комплициран. Германската фармацевтска компанија „БајоНТек“ и нивните американски партнери од „Фајзер“, се надеваат дека наскоро ќе имаат одобрение за употреба на вакцината, најнапред во САД.
Недолго по нив и американската „Модерна“ објави дека досегашниот тек на клиничките студии, говори за успешноста на вакцините од преку 90%.
Далеку од очите на медиумите, на вакцината работи и Михаел Пионтек, со својата мала фирма Artes Biotechnology, од градот Лангенфелд, на западот од Германија.
Тие веќе на база на квасец, направиле успешна вакцина против хепатитис Б, а сега се надеваат дека на ист начин ќе дојдат и до вакцината против коронавирусот.
„Ако пристапот до „БајоНТек“ функционира, тогаш и нашиот пристап ќе биде успешен. На крајот на краиштата, користиме ист протеин, но го добиваме на различен начин“, вели Пионтек за „Дојче Веле“.
Експериментите на животните веќе почнаа, а лиценца добија две големи азиски фирми, ко произведуваат вакцини и веќе го подготвуваат производството. Пионтек се надева дека вакцината ќе биде на пазарот во другата половина на следната година.
„Ќе има огромни предности. Таа ќе има подобрена безбедност, затоа што веќе на истата база, постојат и други вакцини. Имаме голема количина на податоци за тоа и знаеме како функционираат и дека не штетат на никого.
Пионтек тврди дека неговата вакцина ќе чини далеку помалку од едно евро по доза. За разлика од неговата вакцина, во САД, за една доза од „БајоНТек“ вакцината, луѓето ќе мора да потрошат 17 долари. А, за имунизација, потребни се две дози за една личност.
Најголем дел од заработката ќе заврши кај производителите, но дури и да е така, маржите се сосема добри.
„Кај фирмите кои се на берзата, вложувачите веќе имаат инвестирано многу пари и сега сакаат тоа да им се врати. Тоа не е случај со нас. Ние веќе бележиме профит. Ние можеме ниските трошоци за производството, директено да ги префрлиме на муштериите“, вели тој.
На прашањето дали актуелните фаворити за производство на вакцините, се всушност оние од западниот свет, а помалите фаворити се од сиромашните земји, тој вели дека тоа е така, но не само поради цената.
„Многу вакцини на база на RNA, мораат да се складираат и да се пренесуваат на минус 70 степени Целзиусови“, објаснува Пионтек.
Вакцината на „БајоНТек“ спаѓа во таквите и затоа Германија планира отворање на големи центри за вакцинација. Таквата вакцина тешко ќе може да се дистрибуира до секој лекар по општа пракса.
„Кога ќе помислите дека ладниот ланец на таа температура треба да се одржи и во Индија и Африка, тоа нема да функционира. Би рекол дека во три четвртини од светот, тоа нема да биде можно да се изведе“, заклучува научникот.
Извор/Курир.рс