(Фото) Карди Би си ја бојадиса косата како своето „ламборгини“

Американската раперка Карди Би си ја бојадиса својата коса во зелена боја, исто како нејзиниот автомобил од брендот „Ламборгини“.

Две години поминаа откога таа стана русокоса, а сега реши да го промени својот имиџ за да се усогласи со својот нов скап автомобил.

Таа објави фотографии од фотосесијата што ја направила со „ламборгинито“, чија каросерија се прелева од бела во зелена боја.

„Каде одиме кога ќе заспиеме?“, напишала Карди под фотографијата алудирајќи на името на студискиот албум, кој го издала нејзината колешка Били Ајлиш.

На оваа објава таа собрала 2,7 милиона лајка и голем број коментари, во кои фановите ѝ порачаа дека нема вкус и дека бадијала има многу пари и дека сè што прави е кич.

 

Scroll to Top