Рускиот претседател Владимир Путин добил вонбрачна ќерка со Светлана Кривоноги, која порано работела како куќна помошничка, пренесуваат руските медиуми.
Како што пишува „Курир.рс“, кој се повикува на рускиот сајт „Проект“, кој пак подоцна бил цитиран од неколку светски медиуми, Путин со Светлана ја добиле Јелисавета Владимировна, која денес има 17 години.
Путин ја добил Јелисавета, додека бил во врска со Светлана. Под неговата палка, таа подоцна станала милионерка, пишува „Проект“.
Путин и Светлана ја започнале врската во деведесетите години, додека таа работела како куќна помошничка, додека тој бил оженет и шеф на ФСБ. Двајцата се разделиле на почетокот на 2000 година, набрзо откако Јелисавета се родила.
Светлана е родена во Санкт Петербург во 1975 година. Во доцните 90-ти години, таа работела како чистачка во една продавница, во близина на нејзиниот дом. Во меѓувреме студирала на Универзитетот за економија и финансии, на Одделението за меѓународни економски односи.
Светлана дипломирала во 2000 година, а брзо потоа се мајка ѝ од станот се преселиле во елитен дел во градот Санкт Петербург.
Во истиот тој период, Светлана станала сопственик на вредни акции во неколку компании, но најголем дел ги добила од Банката на Русија. Три години подоцна, ја родила Јелисавета, во чиј матичен лист не е наведено името на таткото.
Два извори блиски до Светлана, изјавиле дека Путин бил нејзиниот мистериозен добротвор. Светлана сега ужива во својот дом во Санкт Петербург, а има имот и во Сочи и Москва, чија вкупна вредност се проценува на 11 милиони долари.
Исто така се смета дека е сопственик на повеќе акции во уште неколку големи компании. Според медумот „Проект“, Јелисавета користи лажно име и под истото има неколку профили на социјалните мрежи.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, ги негирал пак ваквите тврдења. Путин иако годинава успеа да ја сочува приватноста, сепак по неговиот развод често се споменува неговите љубовни врски. Наводно, тој со гимнастичарката Алина Кабајева (37) има две деца.
Сега во јавноста произлегоа и шпекулации дека добил вонбрачна ќерка со поранешна куќна помошничка. За потсетување, тој беше оженет со Људмила Александрова Шкребњова, во периодот од 1983 година до 2013 година, а се смета дека со неа има две ќерки.
Едната е танчерката Катерина Тихонова, додека другата е докторката Марија Воронцова. Но, Путин никогаш јавно не го открил идентитетот на неговите ќерки.