Хороскоп за 7 декември: Рибите измамени, Бикот во сомнежи

ОВЕН
Во потрага сте по слобода, но исто така барате и сигурност. Што и да се случува во вашиот љубовен живот е прилично комплицирано и потребна ви е јасност. Не сте отворени за нови изненадувања. Сакате вистина, но вашиот партнер не е подготвен да ви ја каже.

БИК
Вие сте на врвот кога е во прашање склучувањето нови договори. Сакате да ја зацврстите врската со вашите соработници, но некако не ви оди од рака. Пред да го осудите партнерот за нешто, првин осигурајте се дека вашите сомнежи се основани.

БЛИЗНАЦИ
Вашиот љубовен живот постојано се менува, но вие продолжувате да се надевате и не се откажувате од она што сте го наумиле. Доколку имате нешто што сакате да го кажете, подобро да го почекате вистинското време. Доколку сте сингл, некоја нова понуда пристигнува кај вас.

РАК
Ја сакате спонтаноста и сакате постојано да пробувате некои нови нешта. Вашите планови во врска со вашата кариера нема да се остварат во предвидениот рок, можеби ќе се одолжат повеќе. Полека се отвора нова врата кога се во прашање љубовните односи.

ЛАВ
Посветени сте на здравјето и активностите што ви помагаат да ја одржите вашата виталност. Ќе морате да одложите некое важно патување или одмор поради непредвидена ситуација. Ќе имате некоја нова љубовна понуда.

ДЕВИЦА
Погледнете длабоко во вашето срце, таму ќе ги пронајдете одговорите што ви се потребни. Многу нешта може да бидат разрешени доколку комуницирате на вистинскиот начин. Не плашете се да прашате сè што ве интересира, само така ќе ја постигнете јасноста што ви е потребна.

ВАГА
Чувствувате дека сè околу вас се рапаѓа, но не грижете се затоа што тоа е почеток на нешто ново. Ќе морате да донесете некоја сериозна одлука, која можеби нема да ви биде по волја. Кога се во прашање љубовните односи, се движите во круг и не гледате подобрување на ситуацијата.

ШКОРПИЈА
Наместо да бегате од обврските, најдобро е да ги завршите навреме и да избегнете непосакувани проблеми. Контролата на љубовен план е во ваши раце, партнерот сака да ви ги исполнува сите желби. Можно е да целите кон некои идеали, кои ќе ве однесат на погрешен пат.

СТРЕЛЕЦ
Пристапувате остро кон односите и тоа може да ве доведе во проблеми. Ќе мора да решите некои проблеми што ги имате со себе наместо да ги обвинувате другите. Планетите ви го покажуваат вистинскиот пат што треба да го следите. Внимавајте да не трошите повеќе од потребното.

ЈАРЕЦ
Не сте искрени и поради тоа не ги добивате нештата што ги сакате. Вашите надежи може да ви постават замка на љубовен план, бидете трпеливи. Вашите пријатели се обидуваат да ви ги отворат очите во врска со некој ваш избор, но вие упорно се обидувате да го занемарите.

ВОДОЛИЈА
Иднината ви е мистерија и тоа ве заплашува. Немојте да заборавите кои сте и кои се вашите цели, само така ќе успеете да ги остварите. Ако сте сингл, ќе бидете поканети на некоја забава, каде што е можно да ја запознаете вашата сродна душа.

РИБИ
Ќе сакате да ги изненадите вашите сакани за празниците и ќе купувате подароци, но внимавајте затоа што вашата финансиска состојба не е баш најсјајна. Некој ќе се обиде да ве измами кога е во прашање љубовта, не впуштајте се толку лесно во нови љубовни авантури.

Scroll to Top