Оваа сезона на располагање имаме разни трендови, па секој може да пронајде нешто според својот вкус. Оваа година, повеќе отколку некогаш порано, модните дизајнери беа креативни и ни понудија грст модни избори. Актуелно е сè, од женствени комбинации до оние малку лежерни.
Еден тренд меѓу нив особено се издвојува. Имено, станува збор за ѕвонарките со широк крој.
Овие панталони стануваат сè поактуелни, а изгледаат доста интересно доколку се комбинираат на вистински начин. Со обѕир на тоа дека тие се доволно широки, се препорачува да се носат со тесни маички, кошули или блузи. Доколку сте со пониска градба, задолжително комбинирајте ги со високи потпетици.
Многу елегантно и моќно ќе изгледаат во комбинација со сако, на кое ќе додадете и ремен.
Како што веќе споменавме, може да бидат дел од елегантен, но и лежерен изглед, во зависност од остатокот на гардеробата.
Модните експерти никако не советуваат овие панталони да се носат со широки џемпери или дуксери затоа што во тој случај фигурата ќе изгледа лошо.
На овој тренд не одолеа ниту Викторија Бекам, а таа е некој чиј стил треба да го следите.