По големиот број несреќи, спорниот „боинг 737 мaкс“ повторно ќе лета

По 20 проблематични месеци за „боингот 737 мaкс“, кој беше повлечен поради големиот број несреќи, овој тип на авион повторно ќе се најде во облаците.

Бразилската компанија Gol стана првата што повторно ќе ги пренесува патниците со ова летало. За потсетување, во падот на авионот „737 мaкс“ загинаа стотина луѓе. Првата несреќа се случи во октомври 2018 година во Џакарта кога животот го изгубија 189 патници.

Втората трагедија се случи во Етиопија во март 2019 година. Во неа загинаа 157 луѓе за само шест минути. По проверките, кои траеле речиси две години, овој модел повторно е во игра и е подготвен за комерцијални летови.

На 9 декември летот бил реализиран на релација меѓу бразилските градови Сао Пауло и Порто Алегре. Бразилската регулаторна агенција за цивилно воздухопловство ANAC ја укина забраната за користење на авионите Boing 737 Max на крајот на ноември.

Претходно, слична ваква одлука била донесена од страна на Американската сојузна управа за цивилно воздухопловство.

Обновата на летовите на овој тип авиони е многу важна за американскиот производител, кој моделот „737 мaкс“ се обидувал да го врати во употреба многу порано, уште на крајот на минатата година.

Интересно е тоа што компанијата Gol нарачала повеќе од 100 вакви летала, а според податоците, следната компанија што ќе понуди летови со моделот „737 мaкс“ ќе биде „Американ ерлајнс“, и тоа веќе од 29 декември.

 

Scroll to Top