Фолк-пејачката Сузана Гавазова за Нова година ќе одржи бесплатен онлајн-концерт за своите фанови. Кога прославите за новогодишните празници беа откажани поради коронавирусот, а се забранија и собирања и јавни настапи, пејачката јавно ги праша фановите дали се спремни за онлајн-празнична журка со неа и нејзиниот бенд.
„Каде за Нова година? Дали сте можеби за еден новогодишен лајв со Сузана Гавазова“, напиша пејачката, меѓу другото, на својата фан-страница и собра речиси 5.000 лајка.
Откога поради пандемијата престана да настапува, пејачката изминативе неколку месеци постојано одржува онлајн-концерти од својот дом. Често на концертите има и гости пејачи, па настапуваше заедно со Елена Велевска и Васил Гарванлиев.
Сузана, која постојано го привлекува вниманието на јавноста, пред два дена го прослави 41. роденден. Таа направи роденденска журка дома со неколку пријатели и нејзиното семејство.
(Галерија) Со журка и гламурозна торта Гавазова вчера славеше роденден