Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој годинава беше отруен со нервниог гас новичок, успеал да го измами агентот на руската Федерална служба за безбедност, Константин Кудрјацев.
Константин е човекот што му ги открил деталите за неговото труење, се вели во извештајот на истражувачката група „Белингкет“.
Константин открил дека на Навални му бил ставен нервен гас новичок во неговите гаќи и дека тој паднал во кома во авионот додека од Сибир се враќал во Москва. Тој вели дека мисијата не била успешна поради одличната реакција на пилотот и лекарскиот тим во Омск, каде што Навални ја примил првата медицинска помош.
Од „Белингкет“ објаснуваат дека Навални се претставил како официјално лице од руската разузнавачка служба, а повикот бил наместен како да доаѓа од линија на ФСБ.
Константин рекол дека потоа бил испратен во Омск за да ја заплени облеката на Навални и да ги отстрани трагите од отровот. Руските власти засега не излегоа со коментар.
Владимир Путин минатата недела изјави дека „Белингкет“ е трик измислен од американските разузнавачи. Ова следува откога „Белингкет“ ги објави имињата на неколкумина агенти на ФБС, кои со години се обидувале да го отрујат Навални.