Деновиве на големо се зборува дека поранешниот фудбалер Роберт Просинечки ќе биде поставен за нов селекторот на Македонија, на местото на Игор Ангеловски – Мрме, со кого нашата земја успеа да се пласира за првпат на Евроспкото првенство.
„Репортер“ контактираше со Златко Андоновски за овие шпекулации, заради кои се праплавени и социјалните мрежи.
Од Македонската фудбалска федерација велат дека објавите на српски „Курир“ кои ги пласираа и некои од домашните медиуми не се точни.
„Чисти шпекулации се дека преговараме со Роберт Просинечки. Ангеловски сè уште има договор со нас и така и ќе остане до оној момент кога истиот ќе заврши. Фудбалската Федерација на Македонија нема да седне да преговара со никого, пред да седне на маса да преговара со Ангеловски за да ги договориме неговите услови. Колку што знам и самиот Просинечки ги негираше шпекулациите и изјави дека тој немал никакви контакти со нас“, вели за „Репортер“, портпаролот на Македонската фудбалска федерација, Златко Андоновски.
Љ. Владимиров