Голманот Столе Димитриевски доби пиво од Меси

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски, доби подарок пиво од фудбалерот на Барселона, Лионел Меси.

Спонзорот на Меси, „Бадвајзер“, направи специјална серија на пива за сите голмани што имаат примено гол од Аргентинецот. Меси за Барселона има дадено 644 гола и исто толкав број пива беа испратени за голманите.

Тие добија пиво со редниот број од голот на Меси. Оние што имаа примено повеќе од еден гол добија повеќе пива. Меси ја затресе мрежата на Столе Димитриевски на мечот меѓу Барселона и Рајо Ваљекано.

Денеска, Димитриевски на „Инстаграм“ објави фотографија од пивото и напиша: „Брилијантно менаџирано. Ти благодарам за најспецијалното пиво“. Димитриевски го прими 586. гол на Лео Меси.
 
Scroll to Top