Ракометарите на Македонија ја победија репрезентацијата на Чиле и во вториот контролен натпревар во ЕХФ неделата, со резултат 28-24. И овојпат македонските ракометари играа без капитенот Кире Лазаров.
Селекторот Данило Брествац им даде шанса на помладите ракометари, но и на тројцата голмани: Митревски, Томовски и Даниловски, кои бранеа секој по 20 минути. Најуспешни во македонската репрезентација овојпат беа Кузмановски со четири гола и Талески, Поповски и Пешевски со по три гола. Фојхтман со седум голови беше најдобар и најефикасне ракометар на Чиле.
Ова беше последен натпревар на ракометарите во рамките на ЕХФ неделата. Од среда почнува да се игра Светското првенство во Египет и ќе трае до 31 јануари.
Македонската репрезентација е прва резерва и ако до вторник се откаже некоја од екипите заради короната, македонските ракометари ќе играат на првенството. Во моментов Чешка има голем број заразени ракометари со Ковид-19, но сè уште не го откажале учеството.