Двајцата најдобри светски тенисери, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, со ВИП-лет заедно простигнаа во Австралија каде што ќе поминат 14 дена во карантин. По карантинот тие ќе настапат на егзибиционен турнир во Аделаида, ќе играат на АТП Купот и на крајот на Австралија Опен.
Ѓоковиќ и Надал во Аделаида пристигнаа лет од Барселона кој го обезбеди организаторот на турнирот. Со нив беше и третиот светски тенисер, Доминик Тим.
„По застанувањето во Барселона пред мене е долго патување и тука покрај мојот тим се и некои тениски ѕвезди, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се во авионот. Нормално тука е и мојот спаринг-партнер Даниел Новак“, откри Тим на социјалните мрежи.
Ѓоковиќ, Надал и Тим патуваа заедно бидејќи откако ќе поминат 14 дена во карантин ќе учествуваат на егзибиција во Аделаида на 29 и 30 јануари, а тука ќе бидат и трите најдобри тенисерки.
Според здравствените протоколи, сите тенисери кога ќе пристигнат во Австралија, со автобуси ќе бидат одвезени во карантин. Пред хотелите каде што ќе бидат сместени тенисерите и тенисерките се наоѓа полиција како и санитарна инспекција која ги дезинфикува играчите по доаѓањето во хотелот.