Латино дивата Џенифер Лопез со краток видео клип го најави новото музичко видео за песната „In the Morning“. Утрово објави и спотот во кој таа се појавува како сирена и како ангел, а вели дека видеото е како метафора за едностраните љубовни врски.
“Видеото е преполно со симболика за мрачната страна на љубовната врска што оди само во една насока. Не можете да промените никого освен себе. Нека растат крилјата. Тргнете се од луѓето кои не знаат како да ве ценат”, напиша таа.
View this post on Instagram
Официјалниот видео спот, кој го изработи познатиот холивудски режисер Јола Франциз, е објавен пред неколку часа на Јутуб каналот на латино дивата и веќе има повеќе од пола милион прегледи.