„До кога за жртвите на силувачот ќе мислите дека сами си го барале?“, револтирана Тијана во поддршка на Милена Радуловиќ, која објави дека ја силувал учителот по глума

Пејачката Тијана Дапчевиќ е една од многуте јавни личности што ѝ дадоа поддршка на Милена Радуловиќ кога актерката го пријави поранешниот учител по глума Мирослав Алексиќ за силување. Тијана вели дека ѝ пречат негативните коментари во врска со Милена Радуловиќ и нејзините колешки. Таа се обиде да одговори на невкусните прашања што се појавија во Србија изминативе денови, како она „Зошто дури сега проговори“?

„Не знам, можеби затоа што и понатаму има дел од вас кои постојано повторуваат дека жртвите на силувачот и педофилот самите си го барале, дека сигурно некако со нешто провоцирале, дека самите се криви. И многу често имате потреба да правдате непростливи работи. Ако молчела досега, можела да продолжи да молчи засекогаш“, напиша Тијана.

Потоа таа вели: Како секогаш доаѓаме до тоа дека за сè треба да се молчи? Како вам не ви е доста од молчење? За малите и големите работи, за планината направена под тепих, ставајќи ги проблемите таму, за насилството и за вознемирувањето? А можеби и не молчела, туку налетувала на луѓе што се глуви за нејзиното страдање, баш така како и вие. ‘Сигурно измислила сè затоа што ѝ пропаднала кариерата затоа што ѝ треба некоја улога’. Па, да, полесно е да се поверува дека некој ја измислил својата тага отколку дека едвај, конечно, по толку време, собрал сила повторно да го проживее тоа објаснувајќи го секој детаљ и одговарајќи на којзнае колку прашања за време на поднесувањето на пријавата. Срам да ви е за секој коментар на темава што не е поддршка, туку замолчување на жртвата. Молчењето не е злато. Никогаш не ни било. Сите тишини еден ден стануваат вресок, за Милена Радуловиќ“, додаде поп-пејачката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic)

 

 

Scroll to Top