НБА-кошаркарот од тимот на Бруклин, Кајри Ирвинг, купи куќа за семејството на Џорџ Флојд, кој почина лани во мај како резултат на полициска бруталност при апсење. Ова го откри поранешниот НБА-кошаркар и шампион со Сан Антонио од 2003 година, Стивен Џексон. Ирвинг е еден од многуте што му помогнале на семејството на Флојд.
„Грижата за семејството на Флојд никогаш не престанала. Тоа семејство прими многу љубов. Не само од нас туку и од целиот свет. Многумина од моите пријатели исто така помогнаа. Кајри Ирвинг им купи куќа, раперот и продуцент Лил Вејн им купи „мерцедес“, а пејачката Барбра Стрејсенд им ги понуди своите акции во компанијата ‘Дизни’“, изјави тој.
За потсетување, 46-годишниот Флојд почина на 25 мај кога полицаецот Дерек Шовин со нога го притискаше на вратот осум минути, а тој велеше дека не може да дише. Неговата смрт предизвика протести во цела Америка и го поттикна движењето „Црните животи се важни“.