Пејачката Лејди Гага, која јавно го поддржуваше новиот американски претседател Џо Бајден во текот на кампањата и ги повика фановите да гласаат за него, ќе настапи денес на неговата инаугурација, каде ќе ја отпее химната.
Познатата музичка ѕвезда пристигна во Вашингтон во бело од глава до пети, се фотографираше во Капитол каде што попладне ќе се одржи инаугурацијата, и на фановите им испрати порака:
View this post on Instagram
„Се надевам дека ова ќе биде ден на мирот за сите Американци. Ден на љубов, не ден на омраза. Ден на прифаќање, не на страв. Ден кога ќе ја сонуваме идната радост како земја. Кога ќе сонуваме сон во кое нема насилство, сон кој дарува безбедност на нашите души“, напиша таа на Инстаграм.