Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој игра за „Наполи“, постигна гол на натпреварот против „Специја“, натпревар од Купот на Италија. Тој овој гол му го посвети на својот дедо, кој почина неодамна.
„Кога се обидувам да издвојам една личност која најмногу ме инспирираше, се навраќам на мојот дедо. Тажен сум што повеќе никогаш нема да те видам на земјата, но сигурно ќе ми недостасуваат твојата мудрост, охрабрувањата и инспирацијата. Ти го посветувам овој гол на тебе дедо, се надевам дека си горд на мене. Се надевам дека сега си на подобро место, почивај во мир“, напиша Елмас на „Инстаграм“ и објави неколку фотки како слави откако го даде голот.
View this post on Instagram