Шпанскиот весник „Ел Мундо“ на насловната страница го објави договорот на Лионел Меси со Барселона, кој вреди 555.237.619 евра за четири години, и пишува дека тој го уништил клубот. Освен платата, Меси добил и две премии, една вредна 115.225 милиони евра, а другата од 77.929.925 евра.
„Барселона е силно погодена од кризата со короната, клубот е до гуша во долгови, нема пари за трансфери, ниту за плати и мораше да земат кредит за да ги исплатат обврските кон играчите. На оваа ситуација влијание има и договорот на Меси од 2017 година, кој вклучува над 138 милиони евра годишна плата која се состои од фиксен дел и бонуси. Ова е фараонскиот договор што го уништи клубот“, пишува „Ел Мундо“.
Капитенот на Барселона досега веќе зел 92% од сумата, а четиригодишната соработка со клубот завршува на 30 јуни. Меси лани сакаше да замине од Барселона, но челниците на клубот не му дозволија.
'€555.237.619 Messi's pharaonic contract that ruins Barça' [el mundo] pic.twitter.com/4QVZ6oQtDr
— barcacentre (@barcacentre) January 30, 2021