Во третиот круг на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, кандидатката Мими Јовановска од Велес ги освои сите шест гласа од жирито и директно се пласира во четвртиот круг.
Тогаш таа растури со настапот. „Гранд “ го крена на нозе Марија Шерифовиќ и рече дека пее точно како швајцарски часовник, а Вики Миљковиќ ѝ рече дека нејзиното пеење е како лек за душа. Но, во своето најново претставување во четвртиот круг 20-годишната велешанка потфрли во изведбите.
Ментор на Мими е познатиот пејач Џенан Лончаревиќ, ама нешто не им тргна како што треба.
Овој пат таа доби само три гласа, ама Саша Поповиќ ѝ даде зелена карта за понатаму. Незадоволството на лицето на Мими беше очигледно. „Уште еден настап во низата на сцената на ‘Гранд’. И покрај тоа што не го добив својот максимум, поддршката од вас и овој пат не изостана. Ви благодарам од сè срце и ви ветувам дека во следниот круг ќе ги оправдам вашите очекувања“, рече Мими.