Нора Шаќири новa в.д. директорка на Театар „Комедија“ по разрешувањето на Сашо Ристовски

Нора Шаќири-Марковиќ е именувана за в.д. директор на Театар „Комедија“ откако Министерството за култура го разреши Сашо Ристовски од оваа функција.

„Поради неправилности во работењето, утврдени од вонредниот инспекциски надзор од Министерството за култура, денеска е разрешен Сашо Ристовски од функцијата директор на НУ Театар ‘Комедија’. При надзорот е утврдено дека директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8.734.486,00 денари, без притоа да ги обезбеди од други извори. Со тоа е сторена повреда на чл. 70 а, став 4 од Законот за културата“, соопшти Министерството за култура.

До изборот на нов директор, заради непречено фунционирање на оваа установа, од таму соопштија дека за в.д. директор е назначена Нора Шаќири-Марковиќ, вработена во театарот.

За потсетување, Нора Шаќири е поранешна новинарка и водителка, до неодамна беше пиар во Театар „Комедија“. Во брак е со Марко Марковиќ и го имаат синот Ијан.

 

Scroll to Top