Големи обвинувања против кралицата Елизабета, лобирала во владата против закон со кој би се открило нејзиното богатство

Кралицата Елизабета Втора е обвинета за злоупотреба на моќта заради лична корист, односно дека дека лобирала во владата против закон со кој би се спречило откривањето на нејзиното богатство, пишува српски Курир, повикувајќи се на Newsweek.

Нејзиниот адвокат јавно изјавил дека е загрижен поради законот донесен во седумдесеттите години од минатиот век, со кој ќе се открие нејзината приватна сопственост, пишува „Гардијан“.

Надлежните во Одделението за трговија и индустрија одлучиле да ги предупредат министрите пред да ги извршат промените за новите правила за транспарентност, со кои се регулираат приватните компании, а со кои кралицата Елизабета би била изземена од истите.

„Отсекогаш сме се сомневале дека голем број лобирања се одвиваат зад затворени врати од страна на кралицата и другите кралски членови, со цел да се заштитат приватните интереси“, вели Грејам Смит, кој додава дека шефот на британската држава тајно лобирал за создавање закони по мерка на кралицата, со цел да се заштитат нејзините финансиски инвестиции.

„Тоа е во спротивност со законите кои се носат во парламентот“, вели тој и додава дека е потребно радикално да се промени институтот за кралска тајна и да се воведат нови правила за да се осигура во иднина да се престане со кралското лобирање.

„Додека тоа не се случи, не можеме да тврдиме дека сите во Велика Британија сме еднакви пред законот“, објаснил Смит.

Метју Ферер, кралскиот приватен адвокат, се состанал лично со државните службеници во ноември 1973 година, за да ја изрази загриженоста поради нацрт-законите, известил „Гардијан“.

На кралската палата ѝ  било пренесено за законодавството, поради британската конвенција „Кралска согласност“ или „Кралична согласност“, пат според кој на монархот мора да му се соопшти за секој закон кој влијае на неговите интереси.

Ферер потоа ги предупредил официјалните лица дека неговите клиенти го сфатиле проблемот многу сериозно и дека владата ги ставила во дилема и  затоа морале да бараат некаков излез, покажуваат трудовите во Националната архива.

Еден од државните службеници по име Робертс напишал во декласификуван владин меморандум дека Ферер бил загижен поради откривањето на информациите за акциите и трансакциите кои ги прави кралицата и затоа што истите можат да станат јавно достапни и да се појават во регистарот на компаниите, а со самото тоа да станат и предмет за можни контроверзи.

Тој смета дека секое откривање на сопственоста на акциите од страна на круната, па дури и ако истите се ограничени на директори на компании,  се потенцијално срамотни, поради ризикот од откривање на информациите.

Законот е променет за да се создаде исклучок за шефовите на државата, овозможувајќи кралското богатство да остане до толку мистериозно, колку што било и пред да се изработи новиот закон.

„Претпоставувам дека клучното прашање во оваа приказна е зошто на кралицата да ѝ биде незгодно, ако ја открие  природата на нејзините вложувања“, напишал на „Твитер“, Дејвид Меклур, авотор на книгата „Кралското вистинско богатство“.

„Дали е ова уште еден пример дека палатата е непотребно таинствена во врска со нешто што би можело, доколку се открие, да биде секојдневие. Ако инвестициите биле безопасни, разумно прашање кое треба да се постави е зошто суверенот бара изземање од откривањето на податоците кои не се однесуваат на  кој било друг граѓанин на Велика Британија“, вели Меклур.

Во одговорот од Бакингемската палата стои дека кралското одобрение е парламентарен процес, чија улога на суверенот е чиста формалност. Монархот секогаш дава согласност на барањата на владата. Секое тврдење дека суверенот ги блокира законите е едноставно неточно.

За тоа дали е потребна согласност од кралицата за работи кои би влијаеле на интересите на Круната, вклучително и личниот имот и личниот интерес на монархот, одлучува Парламентот, независно од кралското домаќинство.

Доколку е потребна согласност, нацрт-законите, со договор ќе бидат доставени до суверенот за одобрување исклучиво од Советот на министри. Според договорот, се очекува членовите на кралското семејство да останат политички неутрални.

Извор/Курир.рс/Newsweek.

Scroll to Top