Последниве неколку месеци Сара Џесика Паркер објави неколку модни комбинации кои послужија како инспирација, но дали и сега е таков случај?
Сара Џесика Паркер има свој стил. Не ги следи слепо трендовите, многу финти собра уште кога соработуваше со познатата стилистка Патриша Филд во култната серија „Сексот и градот“. Но дали нејзиниот слободен стил е секогаш по вкусот на многумина? Веројатно не.
Така на пример, деновиве таа прошета во необична комбинација која ретко кој би можел да ја носи. Дали е во прашање стил кој може да се објасни како њујоршки или е потполна модна катастрофа, на социјалните мрежи пишуваат дека претерала.
Леопардовиот капут во комбинација со фустан во необичен дезен, необични розови хеланки и сребрени чевли со тока украсена со кристали која ги потпишува токму таа, ги остави своите верни обожаватели во дилема.