(Фото) Џеј Лено скокна пред својата „корвета“ за да спречи судир среде снимање

Популарниот американски водител Џеј Лено неделава спречил да дојде до судир на снимањето на најновата епизода на неговото ток-шоу „Гаражата на Џеј Лено“ во Малибу.

Тој скокнал пред својата „корвета“ и со рацете се обидел да го запре црвено-црниот „лексус“.

70-годишниот комичар е страстен вљубеник во автомобилите. Медиумите пренесуваат дека неговата колекција од 181 автомобил и 160 мотоцикли вреди 52 милиона долари.

 

Scroll to Top