Полскиот напаѓач Роберт Левандовски, по синоќешната победа на Баерн Минхен над Тигрес, со 1:0, ја освои „Златната топка“ на Светското клупско првенство.
Левандовски беше прогласен за најдобар играч во светот за изминатата година, најдобар играч во Европа, најдобар стрелец во Лигата на шампионите и најдобар голгетер во Бундеслигата.
Сребрената топка ја доби Андре-Пјер Жињак од Тигрес, кој исто така е прогласен и за најдобар стрелец со три постигнати гола, додека бронзената топка замина во рацете на Џошуа Кимих од Баерн Минхен.