Тенисерката Каролин Вознијацки чека бебе

Некогашната најдобра тенисерка во светот, Каролин Вознијацки, на „Твитер“ објави дека е бремена и дека чека девојче. Таа треба да се породи во јуни.

30-годишната тенисерка е во брак со поранешниот кошаркар Дејвид Лиј и ова е нивно прво дете.

Вознијацки во кариерата освои 30 титули, од нив само еден гренд слем, а во 2010 и 2011 заврши како најдобра во светот. На првата позиција на ВТА-листата Вознијацки беше 71 недела. Таа е деветта на листата најуспешни тенисерки на сите времиња.

Scroll to Top