Виолинистката Оле Здравковска се омажи со своето момче Богдан Шундиќ на Денот на вљубените. Тие се венчаа пред двајца сведоци во матично, а потоа отидоа на ручек во еден скопски ресторан.
„Кажавме официјално ДА. Од денес госпоѓа Шулиќ“, напиша Оле.
Фотографиите од венчавката ги сподели и нејзиниот брат Огнен Здравковски, кој не криеше дека е среќен што таа се омажила и дека во семејството се случил убав настан, еден и пол месец откако од корона почина вујко им, маестро Зоран Џорлев.
Инаку, Оле со години свири во Македонската филхармонија. Таа не крие дека љубовта кон виолината ја наследила од својот покоен вујко, но понекогаш знае и да запее заедно со брат ѝ и мајка ѝ Софче Џорлева.
Kazhavme DA oficijalno ❣️💍🙏🏻 Od denes Gdja Šundić ♥️💙
Posted by Ole Zdravkovska on Sunday, February 14, 2021