Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го мачи болест која ги напаѓа коските, сè потешко се движи и трпи големи болки

Легендарниот шпански тенисер, Рааел надал, со години боледува од исклучителна „Милер-Вајсова“ болест, која ги напаѓа коските на стапалото и предизвикува силна болка при движењето.

Надал уште во 2005 година, дознал дека боледува од оваа болест. Лекарите тоа го утврдиле кога пред повеќе од 15 години, тој доживеал незгодна повреда на стапалото.

„Оваа болест тешко се открива додека е во раната фаза. Докторите стануваат сигурни дека се работи за неа, дури кога таа ќе почне да напредува. Болка се појавува во средишниот и задниот дел од стапалото. Тие делови отекуваат, а болката потоа се пренесува нагоре, преку скочниот зглоб, до коленото. Ситуацијата се влошува кога пациентите се движат или трчаат“, откриваат лекарите за шпанските медиуми.

Доколку оваа мистериозна болест не се свати сериозни, може да дојде до сериозни последици. Со влошувањето на ситуацијата доаѓа и до кршење на коската на стапалото, што си бара друго опоравување.

За да ги ублажат болките, луѓето кои патат од оваа болест, користат облека со посебни влошки, кои се прилагодени на коските на стапалото, односно нивната природна положба.

Надал уште од раното детство има проблеми со стапалата, а професионалното занимавање со спорт и напорните тренинзи, влијаеле на тоа болката да се пренесе и на останатите делови од телото. Наводно, неговите проблеми со коленото се само последица на оваа болест.

Надал во Мелбурн се жалел на сериозни болки во грбот, а веќе поради повреда откажа два турнири на кои требаше да учествува.

Колку е постар, Шпанецот има сè повеќе и повеќе проблеми со оваа болест, затоа што нејзините симптоми најмногу се манифестираат во подоцнежната животна доба. Неговото движење на теренот ќе биде сè побавно и потешко како што времето минува.

 

 

 

Scroll to Top