„Астон Мартин“ се враќа во Формула 1

„Астон Мартин“ од наредната сезона се враќа во првенството на Формула 1. Производителот на автомобили ќе го преземе „Рејсин Поинт“, а целата операција според шпекулациите вреди милијарда евра.

„Бренд со педигре и историја каков што е „Астон Мартин“ мора да биде конкурентен на највисоко ниво во авто-мото спортот“, изјави газдата на „Рејсинг Поинт Лоренс Строл“.

„Астон Мартин“ последен пат во Формула 1 се натпреварувал во 1960 година.

Сезонава за „Рејсинг Поинт“ возат синот на сопственикот Ленс Строл и ветеранот Серхио Перез.

Базата на „Астон Мартин“ ќе биде во Силверстон, Велика Британија.

Scroll to Top