Панчо ДНК со емоции за Стефонатор по објавата дека се бори со тумор: Ти ќе го надминеш ова

Откако нашиот јутјубер, Стефан Рашковиќ – Стефонатор, јавно проговори за болеста, освен што доби огромна поддршка од фановите, доби и од многу познати личности, меѓу кои и од Панчо од ДНК. Панчо на социјалните мрежи сподели емотивна објава, преку која му ја даде својата поддршка на младиот јутјубер.

„Едноставно е невозможно да не го сакаш ова добро, воспитано и креативно дете кое знае да почитува и цени. Дете кое постави многу стандарди на македонската јутјуб сцена и воедно стана тоа што е без ниту една драма или напаѓање на колеги. Ова дете е позитивен идол на младите во вистинска смисла на зборот од кого можат да научат нешто од него, а не да гледаат циркузи и евтини бљувотини како кај некои самопрогласени „најдобри“ јутјубери. Стеф ти го заслужуваш најдоброто и на таквите како тебе Господ секогаш им помага. Знаеш дека јунаците на мака се познаваат, а ти не само што си јунак, ти си ИДОЛ на многу млади, но и постари генерации. Сите сме со тебе и заедно ќе го поминеме тој „проблем“. Еве ви на сите едно освестување дека здравјето е најбитно, се друго е пролазно. Затоа сакајте се, простете си, бидејќи денес сте тука, утре веќе не“, напиша Панчо во објавата.

 

Еден од највлијателните јутубери кај нас, Стефонаторот ја сподели потресната исповед за болеста, во видео на својот „Јутјуб“ канал. Тој откри дека веќе неколку месеци се бори со тумур на тестисите.

Видеото, во кое ја раскажува голготата низ која поминува, веќе има повеќе од 60.000 прегледи, и се повеќе луѓе преку коментари му порачуваат да биде силен додека не се избори со болеста.

Стефонатор не само што е познат јутјубер, туку ја води и својата емисија „90 секунди“ во која му гостуваа речиси сите познати јавни личности.

Scroll to Top