Македонскиот атлетичар Јован Стојоски беше последен на трката за квалификации во дисциплината 400 метри со го заврши своето учество на Европското првенство во сала, кое се одржува во Торун, Полска.
Стојоски настапи во втората квалификациска група и постигна време од 48,60 секунди. Овој резултат е за една секунда послаб од времето со кое атлетичарот дојде во Торун.
Тој имаше добра старт, беше на четвртото место до моментот кога беше оттурнат од Италијанецот Лоренцо Бенати и ја загуби рамнотежата. Стојоски ја заврши трката, но го освои последното место во групата.
Стојоски беше единствениот македонски претставник на Европското првенство.