Поп-пејачката Адел е прогласена за најпродавана музичарка на 21 век, надминувајќи ги ѕвездите Мадона, Бијонсе, Леди Гага и Ријана, објави Британската фонографска индустрија. Според неа, сите три албуми на Адел, „19“ (2008), „21“ (2011) и „25“ (2015), се искачија на листата на десетте најпродавани албуми снимени од жени.
Нејзиниот втор албум „21“, само во Велика Британија, се продал во шест милиони примероци, со што се наоѓа на првото место во овој век. На второто место е албумот „Back To Black“ на починатата Ејми Вајнхаус, a на третото е пак Адел со „25“.
По Адел, на листата на десетте најпродавани музичарки од 2000 до 2021 следуваат пејачките Пинк, Мадона, Ријана, Дајдо, Ејми Вајнхаус, Кајли Миног, Бијонсе, Бритни Спирс и Леди Гага.