Еден од најпопуларните модели во светот, Џиџи Хадид, се појави на ревијата на модната куќа „Версаче“, во сосема нов имиџ, со променета боја на косата.
Џиџи, за која што ревијата на „Версаче – есен 2021“ е прва ревија по породувањето, иако беше препознатлива по природна костенлива боја, сега ја промени косата во портокалово-црвенкаста нијанса.
Таа сподели фотографии од студиото на нејзиниот стилист Панос, додека ја правеше промената и откри дека инспирација за трансформацијава и била Бет Хармон, главниот лик од хит серијата „The Queen’s Gambit“ (Кралицата на шахот).
„Изненадување“, напиша Џиџи и додаде: „Посветена на кралицата на шахот“.
И стилистот на Џиџи, Панос сподели неколку фотографии од манекенката, по направената промена и под нив напиша: „Ѓумбир за Џиџи. Играње со бои”.
За трансформаџијата на Џиџи, тој доби бројни позитивни коментари, од фановите „Прекрасен си, добра работа“, „Изгледа одлично“ и „Браво Пано, Џиџи сега изгледа како суперхерој“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram