Александар Темелков (21) од Велес, кој се натпреварува во шоуто “Ѕвездите на Гранд“, си отиде од сцената среде емисија, откако не доби ниту еден глас од жирито. Тој пееше во петтиот круг од шоуто. По настапот, Марија Шерифовиќ му кажа дека не добил гласови оти не е добар пејач.
„Во претходниот круг помина на шега, како комичар и заради мојата добра волја, но Темелков ти не си за тука. Јас ја разбирам твојата желба да пееш и знам дека си најсреќен кога ќе застанеш на оваа сцена, но тука е крајот тебе“, му рече Марија.
По нејзиниот коментар, Александар го праша жирито дали се шегуваат со него, оти и минатиот пат не му дадоа гласови, а потоа го пуштија да помине, но кога му кажаа дека нема да му дадат глас, тој ѝ се заблагодари на својата менторка Вики Миљковиќ и без да ги дочека коментарите од другите членови на жирито, ја напушти сцената.
„Ало дечко, па не ти е крива менторката“, искоментира Јелена, по што жирито се сложи дека кандидатите не треба само да ги забавуваат, туку и да ги покажат квалитети на ѕвезда.
Настапот на Александар почнува на 2:19:55