Македонскиот трубач со интернационална кариера, Џамбо Агушев, кој во лани во септември стана татко по трет пат, сподели фотографија со најмалата ќерка Мелинам, и се пофали колку таа личи на него.
„Уфф, ќе ја изедам, слатка моја ќерка, колку личи на нејзиниот татко“ напиша Џамбо под фотографијата.
Инаку, Џамбо и неговата сопруга Асена се во брак десет години. Плод на нивната љубов се ќерката Севги и синот Мерт, и новородената ќерка Мелинам.