Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот колега од Босна и Херцеговина, Милорад Додик, за време на вчерашната свечена вечера се забавувале, им лепеле евра и им давале бакшиш на музичарите. Тамошните медиуми пренесуваат дека настанал вистински џумбус.
Вечерата се случила по нивната официјална средба
За потсетување Додик вчера беше во официјална посета на Анкара, а пред забавата, тој на прес-конференција му се заблагодари на Ердоган за донацијата од 30.000 дози вакцини против коронавирусот. Тој изјави дека посетата претставува континуитет на соработката меѓу двете земји.