(Фото) Мурињо му подари дрес на Стефан Ристовски, откако Динамо го победи Тотенхем

Откако Динамо го елиминираше Тотенхем во Лигата на Европа, македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, се сретна со тренерот на англискиот тим, Жозе Мурињо. Дека му се исполнил сонот да го запознае португалски тренер, Стефан откри на Инстаграм и се пофали дека од Мурињо добил дрес со посвета. „За Ристовски, прегратки од Мурињо“, пишува на дресот.

„Фудбалскиот свет многу научи од тебе, а јас имав чест лично да видам колку голем човек си. Ти благодарам за моментот што никогаш нема да го заборавам“, напиша Ристовски.

За потсетување, Тотенхем дојде во Загреб со водство од 2:0 по првиот натпревар, но по продолженијата што се играа на „Максимир“, Динамо го победи англискиот клуб со 3:0. За Динамо овој натпревар го играа и Стефан Ристовски и Арјан Адеми. Ристовски беше заменет во 90. минута, а Адеми остана до 118. минута. Пред да игра за Динамо, Стефан Ристовски неколку години беше член на Спортинг од Лисабон, Португалија.

Scroll to Top