Властите во Германија дозволија публиката полека да се врати на фудбалските стадиони. Од почетокот на април натпреварите во Бундеслигата ќе се играат пред публика. Првиот натпревар на кој навивачите ќе можат да дојдат на трибините е дербито меѓу РБ Лајпциг и Баерн.
Властите одлучија да дозволат 999 навивачи да присуствуваат на натпреварот што ќе се одигра на „Ред Бул арената“. Овој натпревар ќе биде почетна тест-фазаза враќањето на навивачите на стадионите во наредниот период.
Бунделсигата и властите најавија повеќе детали тоа како ќе се одвива враќањето на навивачите на стадионите во текот на оваа недела.