Васил Гарванлиев, се огласи на социјалните мрежи, откако МРТВ потврди дека комисијата донесе одлука дека не се прекршени правилата на ЕБУ и дека тој ќе ја преставува Македонија на Евросонг.
“Се гледаме во Ротердам. Ви благодарам на сите за љубовта, поддршката, и позитивната енергија. Љубовта секогаш победува, а музиката допира. Заедно стоиме овде”, рече Васил Гарванлиев на својот „Фејсбук“ профил.
Македонската јавност имаше бројни реакции за евровизискиот спот на Васил и за неговата изјава дека има и бугарско државјанство. Беа оформени петиции и за и против, Васил да ја претставува Македонија на Евросонг, па МРТВ оформи интерната комисија, која одлучи дека не се прекршени правилата на ЕБУ и дека Васил ќе пее во Ротердам. Од една страна за да нема доплнителни финансиски трошоци, а и да не се наруши угледот на МРТВ.
View this post on Instagram
View this post on Instagram