Маска за бојадисана коса: ѝ го враќа сјајот и ја спречува бојата да избледи

Поради бојадисувањето, косата станува безживотна и без сјај. Освен тоа, употребата на фен, пегла или фигаро дополнително го уништува влакното.

Фризерите советуваат барем еднаш неделно да користиме маска за коса. Кога косата е хидрирана, изгледа поубаво, но и бојата подолго се задржува. Наместо да трошиме пари на готови маски, можеме да направеме сами домашен регенератор-маска, кој длабински ќе ја негува нашата коса и ќе ѝ го врати сјајот. Следниов рецепт е за многу ефикасна маска за бојадисана коса од 2 состојки.

  

Состојки:

  • 2 лажици кокосово масло
  • 1 јајце

Приготвување:

Се ставаат кокосовото масло и јајцето во сад и се мешаат. Смесата се нанесува рамномерно на влажна или сува коса и се остава 15-20 минути да дејствува, па потоа се мие.

  • Придобивки од маската за бојадисана коса

Јајцата се богат извор на витамини за косата, а најмногу на А, Д и Е. Покрај витамините, тука се и протеините и масните киселини. Протеините се градежен елемент на косата и маската од јајца ќе ги закрепне влакната што станале кршливи и суви. Масните киселини се одлични за сувата коса бидејќи ѝ го враќаат сјајот на косата и ѝ помагаат да ја задржи влажноста.

Предноста на кокосовото масло за сувата коса лежи во лауринската киселина, која продира длабоко во косата, што е клучно за хидратација, закрепнување и отстранување на сувоста на косата.

 

Scroll to Top