Буфон нема намера да се пензионира

Голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон нема намера да се пензионира по крајот на сезоната. Тој има во план да направи уште еден трансфер пред конечно да се повлече.

Буфон вели дека не е среќен во Јувентус и дека не е задоволен да биде резерва на голот. Буфон има 43. години, а според пишувањата на италијанските медиуми тој веројатно е дека кариерата ќе ја заврши во Португалија во Порто.

 

Еден од најдобрите голмани во историјата сезонава бранеше на пет меча во Серија А, четири во Купот на Италија и еден во Лигата на шампионите. Се очекува да биде меѓу стативите и во мај, во финалето на Купот против Аталанта. Тој речиси цела кариера ја мина во Италија, во Парма и Јуве, освен периодот кога го бранеше голот на францускиот ПСЖ.
Scroll to Top