Реал Мадрид нуди 40 милиони евра за Енис Барди

Од шпанскиот клуб Реал Мадрид се заинтересирани да го купат македонскиот репрезентативец и играч на Леванте, Енис Барди. Тие сакаат да го донесат на лето, а подготвени се да платат 40 милиони евра, пишуваат медиумите.

Барди го украде вниманието на голем број големи клубови, по одличната игра за Македонија против Германија во квалификациите за Светското првенство. Тој асистираше на првиот гол на Горан Пандев.

Покрај Реал Мадрид, и тимовите во Англија, Арсенал и Њукасл се заинтересирани да го купат Барди. Медиумите во Англија пишуваат дека засега двата клуба се подготвени да платат 25 милиони евра за него.

 

Scroll to Top