Македонија ќе биде еден од домаќините на Европското првенство за одбојкари во 2023 година, објави денес Александар Боричиќ, претседателот на Европската одбојкарска конфедерација
На овој начин најдобрите македонски одбојкари ќе задржат континуитет во настапите. По дебитирањето пред две години во Словенија, тие имаат обезбеден пласман на следното европско, што ќе се игра во септември во Финска, Естонија, Чешка и во Полска.
Боричиќ на денешната средба со премиерот Зоран Заев во Скопје изјави дека ЦЕВ ја прифатила апликацијата на Одбојкарска федерација на Македонија да биде домаќин на една од групите.
И во 2022 исто така Македонија ќе го организира Европското првенство за одбојкарки до 19 години.